Романката Симона Халеп ја доби втората полуфинална пресметка на Австралија опен, откако утрово во драматичен меч во три сета беше подобра од Германката Анџелик Кербер со 6:3, 4:6 и 9:7.

Германската тенисерка не искористи две меч топки.

Халеп, која е прва фаворитка на Грен слемот во Мелбурн, за првпат ќе има шанса да се бори за престижниот трофеј.

Во финалето закажано за сабота во 9:30 часот Халеп ќе се сретне со данската тенисерка Каролине Вознијацки.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2018 15:44