Советникот од општина Кичево од Демократската партија на Турците (ТДП) Енвер Нутединовски, на денешната седница на Советот на општината рече дека повеќе нема да биде дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ќе дејствува како независен советник од редовите на неговата партија.

На почетокот на самата седница, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија истата поради тоа што нивни членови се уште се наоѓаат во притвор за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

Во продолжение на седницата претежно беа точки поврзани со предлог програмата за работа на ЈП „Комуналец“ за 2018 година која со мнозинсво гласови беше усвоена.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/01/2018 18:31