Дурловски и Бошковска непотребно ќе се држат во куќен притвор, како што непотребно јавното обвинителство два месеци се изживуваше со нив. Аргументи дека ќе го повтореле делото, дека ќе избегаат или дека би и попречиле на истрагата нема. Нема аргументи заради тоа пто нема дело. Тие не се терористи!
Со секој изминат ден се потврдува дека нема никаква правна основа да се држат во истражен затвор и останатите патриоти. Причините за нивниот притвор се чисто политички.
Селективната правда е неправда.
Демократија во Република Македонија нема. Судот и правосудните органи претставуваат продолжена рака на СДСМ.
Судот е дел од политичка хајка против лица кои не сториле терористички акт.
Судот треба итно и неодложно да ги пушти од притвор Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски и останатите чија единствена вина е љубовта кон државата. Сите тие се наоѓаат во притвор поради монтиран случај.
Судството не треба да е алатка на политиката!
Судот и правосудните органи во Република Македонија ја злоупотребуваат мерката притвор. Тие треба да знаат дека оваа мерка се користи само како крајна цел за обезбедување на осомничените, а не како средство за казнување на сите оние кои не размислуваат како СДСМ и Зоран Заев.
Владата на СДСМ се однесува како државата и нејзините граѓани да се нивна сопственост.
Никаде во светот не се лежи во затвор за патриотизам само во Република Македонија која е заробена од Зоран Заев.
Република Македонија има потреба од институции кои ќе работат независно, и само така ќе се придвижиме кон ЕУ и НАТО.
Се додека институциите се користат за фабрикување на монтирани судски и кривични постапки за пресметување со неистомислениците нема напредок за Република Македонија и нејзините граѓани.