Роџер Федерер повторно е победник на Австралија опен.

Швајцарецот ја одбрани титулата освоена лани, откако во годинашното финале беше подобар од Хрватот, Марин Чилиќ кого го совлада со 3:2 во сетови.

Федерер одлично го отвори мечот и уште на почетокот направи два брејка на сервис на противникот, што беа повеќе од доволни да го добие првиот сет со убедливи 6-2,

Во вториот сет, двајцата тенисери успеваа да го искористат својот сервис. Во десетиот гем Чилиќ ја пропушти сет топк, но затоа втората шанса ја искористи, а сетот го доби во тај-брејк со 7-5 на поени.

Во следните два, прво Федерер, а потоа и Чилиќ ги добија сетовите со 6-3.

Во решавачкиот пети сет 36-годишниот Швајцарец го демонстрира сето свое искуство, па на противникот му препушти само еден гем (6-1).

За Федерер ова е шести трофеј на Австралија опен, а вкупно даесети од Гренд-слем турнирите, со што стана првиот тенисер кој стигнал до оваа бројка.

За Чилиќ пак, ова беше трето финале на турнирите од големата четворка, од кои останува само на трофејот во првото во 2014-та кога триумфираше на УС Опен, додека лани во Вимблдон беше поразен токму од Федерер.

Ппобедникот на Австралија опен, Федерер, покрај трофејот, од Мелбурн заминува побогат за 2.612.000 евра, додека финалистот заработи речиси 1,5.милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2018 18:48