Австриецот Марсел Хиршер ја продолжува својата доминација во Светскиот куп во алпско скијање, јави МИА.

Тој денеска триумфира на велеслаломската трка во Гармиш Партенкирхен, Германија, со што стана вториот скијач во историјата по бројот на остварени победи во Светскиот куп.

Хиршер по двете трки оствари вкупно време од 1 минута 18,64.стотинки што беше за 1.секунда и 57.стотинки побрзо неговиот сонародник Мануел Фелер кој заврши како второ пласиран. Третото место му пропадна на Американецот, Тед Лигети кој беше 1.секунда и 69.стотинки побавен од Австриецот.

За Хиршер ова беше десеттата победа сезонава, а вкупно 55-та во кариерата со што го мина на вечната листа сонародникот Херман Мајер. Далеку на врвот е легендарниот Ингимарг Стенмарк со 86 победи во Светскиот куп.

Хиршер е лидер во генералниот поредок во велеслалом со 520 бодови, пред Хендрик Кристоферсон од Норвешка со 415.

Разликата меѓу нив двајца во трката за големиот кристален глобус, односно севкупниот Генерален пласман сега изнесува 224 бодови.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2018 18:52