Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по состанокот на државно-политичкиот врв за предлозите на медијаторот на Обединетите нации, Метју Нимиц за решавање на спорот за името истакна дека средбата била од информативен карактер и оти од овој момент па натаму целокупниот процес за водење на преговорите е во рацете на Владата и оти тој очекува навремено да биде информиран за се што ќе се случува на тој план.

„ВМРО-ДПМНЕ останува единствена на позицијата дека РМ мора да биде дел од НАТО и ЕУ и ВМРО-ДПМНЕ останува на браникот на заштита на државните и националните интереси на Република Македонија“, рече Мицкоски, кој додаде дека процесот на преговорите мора да се движи напред.

Според него ваков вид координација требало да се случи порано и додаде дека не сака да ги коментира предлозите на Нимиц, бидејќи процесот допрва треба да се развива.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2018 19:42