Прашањето за името сигурно ќе биде една од темите на која лидерот на ВМРО ДПМНЕ ќе разговара со највисоките европски авторитети во Брисел. Претседателот на најголемата македонска партија заминува во прва официјална посета на седиштето на ЕУ откако стапи на лидерската функција.

Придружуван од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и членот на Извршниот комитет Влатко Ѓорчев, Мицкоски ќе оствари голем број на средби со високи претставници на Европската Унија, како и со претставници на Европската народна партија, во која е член и ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на утрешниот предвидена е средба еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пратеници во европскиот парламент, а се очекуваат и разговори со високата претставничка за надворешна политика и безбедност во Европската унија, Федерика Могерини, како и со Претседателот на европскиот парламент Жозеф Дол.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2018 20:35