Синдикатот на вработени на ФЕНИ предводен од Ѓоре Палитов се противи на одлуката за издавање на фабриката под наем затоа што со тоа нема никаква иднина за вработените, а закупецот може во секој момент да си оди затоа што не платил ниту денар за фабриката, ниту има некаква инвестиција во неа.

Тој рече дека нема да дозволат некој да прави краткорочни профити без да инвестира и без да се знае судбината на сите вработени и на побарувањата на сите доверители.

„Стечајот треба да заврши во најкраток рок, како и што ни беше ветено, независно дали Апелација ќе ја врати фабриката во предстечајна постапка или преку реорганизација“, апелираше Палитов.

Првиот синдикалец на ФЕНИ посочува и дека трпи медиумски притисок со закани и уцени, им порача да се појават јавно и да не се кријат, затоа што, како што нагласи, ќе им следи и кривична пријава бидејќи се залагал за ошто добро во најтешкиот период за комбинатот и немал никаква лична корист за некого да фаворизира или критикува.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2018 19:20