Премиерот Зоран Заев очекува дебатата за законот за јазиците да се води на координација меѓу партиите кај претседателот на Собранието Талат Џафери, а опозицијата да покаже разум за да не дојде да блокада на реформските процеси.
– Јас сум Зоран Заев кој водеше борба за слобода и демократрија. Демократријата е императив. Секако поднесувањето на амандмани е право на опозицијата кое треба да се почитува, но тука е обврската дека со таквото право се блокира Собранието. Јас сум загрижен за реформските процеси и како ќе одат законите што се важни од планот 3-6-9 – рече Заев.
Тој истакна дека Македонија е пред позитивна клима со можност за почнување на преговорите за членство во ЕУ, кое како што рече, се надева треба да биде во јуни.
– Ако ги заглавиме реформите, нема да можеме да се движиме во овој правец. Верувам дека опозицијата ќе биде разумна и дека ќе се изнајде решение. Решение во рамките на законот за Собрание и деловникот – рече Заев.