Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека неговата пратеничка група со оваа постапка на поднесување бројни амандмани за Законот за употреба на јазиците тие се обидуваат да упатат порака до СДСМ и до ДУИ да размислат и да го прифатат тоа што го бараат мнозинството граѓани и експерти.
– Не велиме да нема решенија, напротив треба да има решение, но тоа треба да биде изградено на здрави темели, а не да се носи со прекршување на Деловникот најмалку десет пати досега, изјави Димовски.
Ова законско решение, според него, е еднострано и тоа на ДУИ, а СДСМ е принудена да го донесе, а тоа, вели, може да продуцира криза.
– За да не се доведеме до ситуација на криза ние правно предупредуваме на секој можен начин, потенцира Димовски.
Опозициските пратеници, повтори тој, ќе учествуваат во работата на Собранието само за Законот за употреба на јазиците.