Ќе се прават анализи за тоа дали да се зголеми прагот на одданочување со ДДВ на физичките лица, изјави денеска Јована Аврамовска од прес-службата на Министерството за финансии.

Одговарајќи на новинарски прашања по презентирањето на истражувањето Отворен буџет (ОБИ) 2017, Аврамовска напомена дека ако има какви било промени, јавноста ќе биде информирана.

– Го слушнавме мислењето на јавноста. Мора да се направат анализи. Ако има промена, граѓаните ќе бидат информирани, нагласи Аврамовска.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2018 16:12