ВМРО-ДПМНЕ партијата која 11 години го игнорираше проблемот со стечајните работници и ранливите категории граѓани, додека нејзините функционери се богатеа на грбот на граѓаните, повторно шири лажни вести и лицемерно глуми загриженост за Закон којшто со месеци го блокираше.

Лажни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ околу спроведувањето на Законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претрпијатија во доминантна државна сопственост. Од стапувањето на сила на Законот за стечајци, па до сега, издадени се над 2.300 позитивни решенија за обештетување на стечјаните работници, а спроведувањето на Законот тече со добра динамика. Наскоро, ќе следуваат и амандмански измени на Законот преку кои ќе бидат опфатени и оние лица кои сега се соочуваат со одредени бариери, а спаѓаат во оваа група на граѓани.

Целта на СДСМ и на Владата што ја предводи е постепено решавање на статусот на сите стечајни работници и згрижување на сите оние кои останале без работа поради приватизацијата на претпријатија во доминиантна државна сопственост.

ВМРО-ДПМНЕ имаше можност цели единаесет години да го реши статусот на стечајните работници, но наместо тоа, опозициската партија одлучи да работи единствено за интересите на сопственото раководство, додека граѓаните и државата тонеа во долгови и сиромаштија. Затоа, денешната нивна наводна загриженост е лицемерна и е уште еден очајнички обид да ја прикријат загубената доверба од граѓаните преку ширење на лажни вести.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2018 19:42