Ми претставува особено задоволство што првата работна посета на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ е токму во Брисел во Европската Унија. Имавме исклучително значајни средби и во Европската Комисија и во Европскиот Парламент.
Средбите на највисоко можно ниво со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, со комесарот за проширување Јоханес Хан со Претседателот на Европската народна партија, најголема партија во Европа, Жозев Дол,Генералниот секретар на ЕПП, тројката пратеници која што е одговорна за Македонија, Вајгел, Кукан и Флекенштајн како и средбите кои што тука денес ги имаме во Европскиот Парламент со пратениците Петерле, Петир и останатите со кои што се среќаваме говорат за силната поддршка која што Република Македонија ја добива за членството во Европската Унија и посветеноста на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи тој пат.
Во исто време тој пат треба да значи, подобар живот за граѓаните на Република Македонија, но и на зачувување на македонските национални интереси на тој пат. Секоја интеграција во Европската Унија мора да е проследена со сериозни преговори, но и исто така и со зачување на она што се вика македонски национален идентитет затоа што во ниедна форма Македонија не смее да добие челенство во Европската Унија а граѓаните на Република Македонија да не го чувствуваат тоа како придобивка, напротив да го почувствуваат како нешто друго.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе остане силно и посветено на одбрана на македонските национални интереси. На оваа посета алармиравме за застојот во реформите кој што веќе се чувствува со новата влада. Исто така информиравме за тоа што и се случува на Република Македонија од 2009 година до денес кога секоја година од страна на Грција е блокирана и не може да ги отпочне преговорите.
Се надеваме дека таа блокада ќе се отколони и без разлика што ВМРО-ДПМНЕ е опозиција силно се надеваме дека Рпублика Македонија ќе почне преговори и успешно ќе ги заврши.
Така што да сумирам ова е прва работна посета на новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ со едни одлични и силни средби кои што се од корист пред се на Република Македонија и од тука покажуваме дека како опозиција исто така можеме да и помагаме на Македонија.
Силно алармиравме за застојот кој што го прави владата за политичкиот притисок и прогонот кој се случува врз политичките неистомисленици за шесте притворени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и триесетина други притворени за настаните од 27-април, сите оние кои што се под прогон на СЈО и сето она што го прави новата влада како политички притисок врз ВМРО-ДПМНЕ. Се надеваме дека овие пораки ќе бидат слушнати, соодветно адресирани и дека ќе има соодветен одговор од Европска Унија.