Дваесет граѓански организации од 27 општини добија грантови во вкупна висина од 80 илјади евра за реализација на нивните проекти од различни области.

Грантовите се добиени во рамки на „Активирај“ Програмата за мали грантови што ја спроведува Фондацијата за одржлив економски развој – ПРЕДА Плус во соработка со германскиот партнер Arbeiter-Samariter-Bund.

Граѓанските организации ќе треба да ги спроведат проектите со кои аплицираа за добивање грантови во следните осум до десет месеци.

- Главната цел на проектот е овие граѓански организации да бидат партнер на јавниот сектор било тоа да е на локално или национално ниво. Се надеваме дека после ова ќе имаме 20 многу појаки граѓански организации, изјави Маријана Милевска, директорка на ПРЕДА Плус фондацијата.

Проектот ќе трае до мај 2019 година, а планирано е пет граѓански организации да се пратат на практиканска работа во Европската унија.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/01/2018 13:25