Бројот на работниците во индустријата во текот на минатата година, во однос на периодот јануари - декември 2016 година, е зголемен за 2,3 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, е зголемен за 5,2 проценти.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, бележи опаѓање од 1,5 проценти, во секторот Преработувачка индустрија пораст од шест отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација oпaѓање од 0,7 отсто.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 13,1 отсто, Капитални производи за 18,4 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто, додека опаѓање бележи кај Енергија за еден отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто.