Организацијата на активисти за потранспарентен финансиски систем „Мрежа за даночна правда“ (ТЈН) ги обвини Швајцарија и САД дека се главни центри на нетранспарентно банкарско и финансиско работење во светот.
Според ТЈН, Швајцарија е главниот центар за прикривање на текот на парите.
САД, пак, се ставени на листата поради порастот на употребата на таканаречените офшор локации за банкарство и инвестирање.
На врвот на листата на локации за нетранспарентно работење се и Кајманските Острови, Исланд, Луксембург, Германија, Хонг Конг и Сингапур.
Во извештајот, кој се објавува на две години, се анализирани 112 држави и територии низ светот, меѓу кои и Македонија, која е на 102 место.