Невладината организација „Македонија2025“ го објави вториот отворен повик за Програмата за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за школата за бизнис - Kellogg School of Management во САД. Годинава првпат се нудат стипендии за две различни програми - Програма за развој на извршни директори и Напредна програма за менаџери.
Повикот е отворен до 1 март годинава, а повеќе информации за критериумите и начинот на аплицирање може да се најдат на адресата http://www.macedonia2025.com/event/single/85.
Дополнителни информации можат да се добијат на мејл адресата elena@macedonia2025.com.
- Наставните програми се дизајнирани во чекор со постојаните предизвици и комплексноста на лидерството на извршните директори и менаџери. Тие ќе ги обноват и дополнат веќе стекнатите вештини на македонските професионалци и ќе придонесат кон понатамошниот развој на македонската економија и работна сила, велат од „Македонија2025“.