Во моментов се води организирана, политички мотивирана хајка против лица што го кренаа гласот против недемократската влада на Зоран Заев и СДСМ. Во моментов истакнати граѓани се притвораат без да постои опасност од бегство, опасност да го повторат делото или опасност да влијаат врз истрагата. Не постои ниту еден основа за притвор бидејќи нема ниту дело туку постои само политичка конструкција.
Притворените патриоти и пратеници кои се обвинети за тероризам се жртва на конструкција со цел создавање на страв кај граѓаните и дефокусирање на јавноста од реалните проблеми.
ЈО без аргументација и докази фабрикуваше случај и прогласи дека се терористи познати уметници, оперски пејачи, архитекти, режисери, глумци, доктори, пратеници, полициски службеници, мајки на малолетни дечиња.
Аргументите се на страна на неправедно обвинетите.
ВМРО-ДПМНЕ апелира до правосудните органи веднаш да го стопираат овој политички прогон и да не се ставаат во функција на власта на СДСМ. Судот има можност да се ослободи од политичкиот притисок и да не се става во функција на Заев и СДСМ. Судиите мораат да се стават во функција исклучиво на Уставот, законите и човековите права на секој граѓанин на Република Македонија.
Дурловски, Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски, Мукоски и останатите кои неправедно се во притвор не се терористи, туку патриоти чиј единствен грев е што ја сакаат татковината.
Отткако СДСМ е на власт постои само селективна правда, политички прогон и масовно ослободување на прекршителите на законите кои се блиски или корисни за власта.
Заев од затвор ослободува осудени криминалци, а ги затвора чесните и искрените патриоти. Со законот за амнестија од затвор ќе ослободат криминалци обвинети за дистрибуција и продажба на дрога, мачење, тешки кражби, луѓе кои се занимаваат со рекет, изнуда, проституција и други тешки кривични дела.
Неправедно е од затвор да се ослободуваат лица осудени за тешки кривични дела, а во исто време по судови да се влечат патриоти кои никогаш не сториле ниту прекршок.
Во интерес на демократијата и правната држава, овој политички прогон мора да прекине. Правосудството мора да работи независно. Тоа е во интерес на демократијата и граѓаните на Република Македонија.