Првпат во последните 50 години падна снег во јуниот дел на Мароко. Метеоролошката служба на Мароко соопшти дека снегот падна во близина на Загора и оти е последица на студен бран.
Во Загора падна од пет до осум сантиметри снег.
На почетокот од јануари годинава во најтоплата пустина во светот, Сахара падна снег. Феноменот е последица на студениот бран, што најмногу го погоди градот Аин Сефра, северен Алжир. Температурата во градот се спушти до минус 10 степени Целзиусови.