СДСМ наместо да го намалат јавниот и државниот долг на државата, тие го зголемија.

Сензационалните наслови на МФ од типот намален јавен долг, намален државниот долг од БДП, се само една обична маска и прикривање на реалната ситуација во реалниот финансиски сектор во државата.

Реалната слика е следнава. Ако ја споредиме 2016 година со 2017 година, и сето она што го остави како бројки ВМРО-ДПМНЕ, ќе видиме дека и не е намален долгот, туку напротив – зголемен.

Државниот долг од БДП на крајот на 2016 година изнесуваше 39.6%, во првиот квартал од 2017 година се намали на 38%, во вториот квартал од 2017 година се намали на 37.9% и веднаш по доаѓањето на власт на СДСМ во 3 квартал има стагнација, а веќе во четвртиот квартал се зголемува на 38.7% и со тоа се прекинува позитивниот тренд на намалување на државниот долг и настапува негативниот, со што СДСМ го зголемува долгот во однос на вториот квартал споредбено со четвртиот за 0.8%.

Додека пак јавниот долг на Република Македонија на крајот на 2016 година изнесуваше 48.5%, во првиот квартал од 2017 се намали на 46.3%, во вториот квартал на 46.0%, а веднаш по доаѓањето на СДСМ во третиот квартал стагнира за да во четвртиот квартал јавниот долг повторно расте на 46.7% или споредбено во однос на четвртиот имаме зголемување за 0.7% од она што го остави владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Да потенцираме дека во овие пресметки на МФ не се вкалкулирани евро-обврзницата од половина милијарда евра и двете задолжувања од околу 100-тина милиони евра, вкупно над 600 милиони евра.

Економските параметри се негативни во секој можен поглед. Економските гранки ги зафати неповолна клима, а инвестициите се намалуваат од ден во ден.

За жал и покрај сите овие милионски задолжувања, СДСМ нема реализирано ниту еден капитален или инфраструктурен проект. Нема нови болници, нема нови училишта, нема нови студентски домови, нема нови градинки, згора на се се фалат со она што ги изгради ВМРО-ДПМНЕ.

Нема просечна плата од 500 евра, нема покачување на пензиите, нема покачени стипендии за средношколци и студенти.

Само лаги и гола политика, кои ама баш никако не им го подобруваат животот на граѓаните, туку им го отежнуваат.

Ниту една лага на СДСМ не може да се прикрие и да ја прикрие реалноста, а тоа е дека граѓаните не живеат подобро од порано, туку само им се влошува финансиската состојба.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2018 14:40