ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 10 години парите на граѓаните ги трошеше на луксуз, лажен барок и богатење на поединци, оставајќи зад себе сиромашни и задолжени граѓани и држава, продолжува да шири лажни вести.

Ниту една лажна вест, ниту една манипулација на ВМРО-ДПМНЕ не може да го сокрие фактот дека и јавниот и државниот долг во 2017 година бележат пад и дека тоа е прво годишно намалување на јавниот и државниот долг од 2009 година па до сега.

За разлика од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога парите од скапите неконтролирани задолжувања се трошеа на споменици, барок и криминално богатење на поединци од ВМРО-ДПМННЕ, Владата предводена од СДСМ преку одговорното работење со јавните финансии стратешки управува со долгот, ја стабилизира економијата. Буџетските пари се користат за спроведување на мерки што се во интерес на граѓаните и коишто обезбедуваат повисоки плати, нови работни места и економски раст. Таквите добри економски политики се потврдени и во Извештајот на Народната банка на Македонија којшто нотира дека економијата се движи во нагорна линија и дека економската состојбата се подоборува.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/02/2018 20:56