Министерството за одбрана наместо празни зборови треба да и даде на јавноста конкретни одговори, a Шекеринска е должна да биде транспарентна и одговорна во интерес на нашата НАТО интеграција
Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на Министерството за одбрана, кое се однесуваше на прес конференцијата на Трајче Димов
Министерството за одбрана наместо празни зборови треба да и даде на јавноста конкретни одговори. Шекеринска е должна да биде транспарентна и одговорна во интерес на нашата НАТО интеграција. Тесно партиските интереси не смеат да ја загрозат довербата која Република Македонија ја ужива кај партнерите од НАТО.
Шекеринска е должна да одговори:
- Дали се точни информациите дека Василевски неколку години бил одбиван за безбедносен сертификат?
- Кои се причините поради кои бил одбиван за безбедносен сертификат?
- Дали е вистина дека Василевски го изгубил и спорот што го водел пред Управниот суд?
- Што се сменило сега, за лице кое неколкупати било одбивано за издавање сертификат истиот да го добие во експресен рок?
- Дали се испочитувани услови и процедурите при издавањето на сертификатот на Василевски?
- Дали можеби поврзаноста на Василевски со СДСМ е клучот за брзиот одговор на институциите за издавање на безбедносен сертификат, ако се земат во предвид сликите што сам ги објавувал на социјалните мрежи од кампот на СДСМ пред владата на Република Македонија, кога сегашната власт протестираше.
Јавноста има право да знае дали човекот кој според закон учествува во изработка на планот за одбрана на Република Македонија ги исполнува сите услови за таквата позиција. Јавноста мора да знае дали човекот кој е контакт со службите на нашите партнери има дамка во кариерата.
Безбедноста на Република Македонија и меѓународната репутација на службата во странство кај нашите партнери не смеат да бидат загрозени.