Неправедно е од затвор да се ослободуваат лица осудени за тешки кривични дела, а во исто време по судови да се влечат патриоти кои никогаш не сториле ниту прекршок
Македонија е земја каде владее хаос и неправда. Безбедноста на граѓаните е загрозена, а секојдневно сме сведоци на мафијашки престрелки, насилни инциденти и рекет. Неспособното раководство на МВР и највисоките функционери на СДСМ во владата се во коалиција со криминалот.
Убиецот на младиот Мартин Јанушев е сеуште на слобода, а остануваат нерасчистени и десетици други случаи на убиства и насилства. Полицијата е немоќна. Од затвор се ослободуваат осудени криминалци само заради враќање на предизборните долгови кои СДСМ ги имаше кон подземјето.
Целиот апарат и сите органи на прогон се впрегнати во политички цели на СДСМ.
Се води организирана, политички мотивирана хајка само против лица што го кренаа гласот против недемократската влада на Зоран Заев и СДСМ.
Притворените патриоти и пратеници се обвинети за тероризам со апсурдна конструкција за да се создаде страв кај граѓаните и да се дефокусира јавноста од реалните проблеми.
OЈО без аргументација и докази фабрикуваше случај против уметници, оперски пејачи, архитекти, режисери, глумци, доктори, пратеници, полициски службеници, мајки на малолетни дечиња.
ВМРО-ДПМНЕ апелира до правосудните органи веднаш да го запрат политичкиот прогон и да не се ставаат во функција на СДСМ. Судот има можност да се ослободи од политичкиот притисок и да дели правда врз основа на докази. Судиите мораат да се стават во функција исклучиво на Уставот, законите и човековите права на секој граѓанин на Република Македонија.
Дурловски, Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски, Мукоски и останатите кои неправедно се во притвор, не се терористи, туку патриоти чиј единствен грев е што ја сакаат Република Македонија.
Отткако СДСМ е на власт постои само селективна правда, политички прогон и масовно ослободување на прекршителите на законите кои се блиски или корисни за власта.
Неправедно е од затвор да се ослободуваат лица осудени за тешки кривични дела, а во исто време по судови да се влечат патриоти кои никогаш не сториле ниту прекршок.