ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува несоодветното однесување на МНР и обидот за замолкнување на медиумите професионално да си ја вршат својата новинарска работа. Упатените закани за одземање на акредитација се несфатливи и недозволиви за една државна институција.
Денешното извинување не е доволно. Одговорност мора да има, а ваквите постапки соодветно да се санкционираат за да не се повторуваат во иднина.
Поради бруталната партизација со непрофесионални кадри на најгруб начин ги има прекршено сите морални и етички норми.
Новинарите мораат да бидат ослободени од секакви закани и притисоци кои ќе влијаат врз нивната работа.
Темите кои се од прашање од интерес на јавноста не смеат да бидат вака грубо замолчувани од страна на власта.
Апелираме во иднина новинарите непречено да си ја извршуваат својата работа а институциите да се стават во заштита на слободата на изразувањето.