СДСМ не престанува да ја лаже јавноста. Јавниот долг со доаѓањето на СДСМ од јуни до декември минатата година е зголемен за 107 милиони евра.
СДСМ за само два квартали го зголеми јавниот долг за 107 милиони евра.
Власта без основа ја задолжува државата без да каже на што се трошат парите кои идните генерации треба да ги враќаат со камати.
Само со последните 100-тина милиони евра за кои е покачен јавниот долг власта можеше да изгради 50-тина училишта, 50-тина градинки, неколку студентски домови.
Власта не ја покажува реалната состојба на задолженост. Во состојбата на јавниот долг која е објавена на страната на министерството не е вкалкулирана еврообврзницата од 500 милиони евра, ниту пак 100 милиони евра кои власта не задолжи на домашниот пазар. Реалното покачување на јавниот долг допрва ќе излезе на виделина.
Ова е сосема спротивно на предизборните ветувања на СДСМ, кога омилени зборови на сегашната власт беа штедење и транспарентност. Сега од позиција на власт СДСМ ниту е транспарентна, ниту штеди.
СДСМ не може да го сокрие фактот дека после подолг период на пад на јавниот долг истиот има раст од над 100 милиони евра.
Власта веднаш да запре со прекумерното задолжување и да не си поигрува со иднината на граѓаните и државата.