Жени во повеќе градови во Иран протестираа против носење хиџаб, а полицијата во Техеран уапси 29 лица поради учество во протестите.
Во знак на протест поради строгите правила за облекување, жените ги тргаа хиџабите и мавтаа со нив.
Иранската полиција тврди дека на однесувањето на тие жени влијаеле странци, меѓутоа, Масих Алинеџад, една од активистките, за Си-Ен-Ен изјави дека никој од странство не ги поттикнал на тоа.
Жените во Иран мора да носат хиџаб уште од 1979 година.