Делегација на СДСМ предводена од организациониот секретар на партијата, Миле Зечевиќ, во којашто беа и Цветанка Ласкова, координаторка на Форум на жени на СДСМ и Драги Давчевски, советник во Град Скопје, денеска оддаде почит на националниот херој и револуционер Гоце Делчев по повод 146 години од неговото раѓање.
Делото на Гоце Делчев останува да биде мотив за сегашните и за идните генерации за слобода, еднаквост и правда, како темелни вредности.
СДСМ како партија цврсто стои зад овие вредности и верува дека се гаранција за напредокот на Република Македонија и сите нејзини граѓани.