Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска со порака по повод годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

“…Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа отколку во Македонија?…” Делчев, камен темелникот на македонската борба за осамостојување, синонимот за борба и пожртвуваност за Македонија.

И ден денес одзвонуваат неговите зборови и ја рефлектираат реалноста како никогаш до сега.

Браќа и сестри, во секој од нас има дел од нашиот најголем идеолог, во секој од нас тлее љубовта за Македонија, тлее жарот за Македонија.

Му го должиме тоа нему, на себеси и на нашите идни поколенија.

Вечна слава!



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2018 02:13