Изминаа 100 дена лаги, 100 дена неработење и 100 дена неспособност на Златко Марин.

Граѓаните на Аеродром за жал се сведоци на изгубени 100 дена во кои Златко Марин имаше можност и шанса да отпочне десетици нови проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните, но тој не отпочна ниту еден.

Ветуваше брда и долини за Аеродром, а не сработи ништо. По седнувањето на градоначалничката фотелја Златко Марин едноставно исчезна од очите на Аеродром.

Изминативе 100 дена Златко Марин може да се запамти само по деструкција и фалење со проекти обезбедени од ВМРО-ДПМНЕ, како и партизација на администрацијата.

Го стопираше проектот Тениска АТП арена близу спортскиот центар Јане Сандански, проект вреден милиони евра, кој требаше да отвори десетици нови работни места и уште еднаш да потврди дека општина Аеродром е најурбаната општина. Во моментов проектот е стопиран, а локацијата запуштена од страна на локалните власти.

Најголемо достигнување во овие 100 дена за Златко Марин е тоа што се пофали со проширување на градинката Бубамара, но да го потсетиме, тоа е проект кој се реализира благодарение на претходната локална власт од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Ивица Коневски кој обезбеди средства за реализација.

Партизацијата на администрацијата резултираше со именување на партиски војник на СДСМ за директор на основното училиште Александар Македонски кој не ги исполнува условите да биде директор на образовна институција.

Ветуваше чист воздух и чиста општина, а Аеродром во моментов е лидер во загадувањето. Дивите депонии никнуваат на секој чекор, а мерните станици за аерозагадувањето достигнуваат рекорди во моментов. Општина Аеродром од најчиста општина, стана најнечиста општина.

Ова е вистината за 100те дена на Златко Марин и општина Аеродром. Од најпросперитетна општина, за само 100 дена тргна во обратна насока.

Празните ветувања и животот кој го ветуваа за сите останаа само на прес конференциите на Златко Марин.

За разлика од 100те дена на Марин, градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Коневски во претходниот мандат во првите 100 дена реализираше над 50тина проекти, од кои би издвоил неколку:

-Отворено е основното училиште Александар Македонски

-Реконструикција на детската улица Тоше Проески во Ново Лисиче

-Отпочната е реконструкција и проширување на патот Горно до Долно Лисиче

-Реализација на п роект за изградба на Спортски центар Јане Сандански

-Се отпочна со реконструкција на спортските сали во општината

Ова е разликата помеѓу напорната и посветена работа на ВМРО-ДПМНЕ и празните ветувања на СДСМ и Златко Марин.

Граѓаните на своја кожа ги чувствуваат и неспособноста на СДСМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2018 02:37