Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес (04 февруари 2018та година) заедно со потпретседателот Владо Мисајловски и генералниот секретар Игор Јанушев остварија заеднички состанок со претседателите на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

На состанокот беше разгледувана политичката состојба во државата, внатрепартиските состојби и активности, како и размена на мислења и сугестии за понатамошното делување.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посочи дека стандардот на граѓаните е загрозен и дека владата демонстрира неспособност со справување на економските предизвици. Нема никакви странски ниту поголеми домашни инвестиции, а економскиот развој целосно стагнира, што негативно се одразува врз економската моќ на граѓаните која е во надолен тренд.

Беше посочено дека очекувањата на граѓаните се изневерени и дека постојат сериозни предизвици во повеќе сфери и области, вклучително и здравството, образованието, земјоделието.

Политичкиот прогон продолжува, а партискиот реваншизам по инсттуциите станува основно средство за дејствување на власта.

Беше истакното дека државата бележи застој и во реформските чекори врзани за евроатланските интеграции во клучните области: судството, борбата против корупцијата, медиумската свера, екононскиот сектор.

Беа разменети мислења и ставови во однос на понатамошното делување, притоа беше заклучено дека ќе се продолжи со процесот на транспарентно одлучување за сите одлуки од важност за партијата и нејзиното членство и постојана присутност на терен меѓу граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/02/2018 02:41