Луѓето за кои Биљал Касами е легитимен претседател велат дека судот ја потврдил легалноста на сите статутарни и програмски одредби, според кои работело раководството на партијата. Повикаа на единство. Крилото од Скопје не се согласува. Оттаму велат- на конгресот ќе се изберат сите органи на БЕСА.
Мала група незадоволници од институционалното финкционирање на движењето БЕСА се обиде да внесе раздор во партијата, велат приврзаниците на Биљал Касами. Според нив, судот ги потврдил статутарните и програмските определби на раководството кое носи одлуки во интерес на мнозинството членови.
Од крилото во Скопје кое го оспорува претседателот Касами велат дека легитимитетот на раководството ќе се потврди на конгресот, закажан за 24-ти март. Оттаму порачуваат дека пратеничкат група е единствена.
Превирањата во движењето БЕСА траат повеќе од еден месец. Едната фракција го смета Биљал Касами за легитимен претседател, други велат дека нов шеф на партијата е Неџбедин Карахмани. Двете групи свикаа два одделни конгреса, кои ќе се одржат во различни термини и на различни места.