Неодговорниот пристап на СДСМ кон земјоделието остави над половина од минатогодишниот реколт на ориз од кочанско-виничкиот крај во амбарите.

СДСМ пред изборите вети дека цената на оризот ќе биде 25 денари за оризова арпа, додека пак белиот ориз ќе биде 50 денари. СДСМ вети, СДСМ излажа. Цената на оризот во моментов е 35 денари. Ова беше уште една лага на СДСМ само за да добијат глас повеќе на изборите и да седнат во фотелјите.

ВМРО-ДПМНЕ бара власта веднаш да најде решение за неоткупениот ориз и да обезбеди услови за рентабилно производство во оваа сезона.

Со откупна цена на оризот од 35 денари и со покачувањето на нафтата, СДСМ го направи производството на ориз нерентабилно. Земјоделците од единствениот регион на државата кој произведува ориз се помалку се одлучуваат да ги посеат своите површини со оваа култура.

СДСМ едно ветува од опозиција, друго прави кога е власт. Кога се бореа за гласовите на земјоделците од истокот ги лажеа и ветуваа се и сешто. Ништо од тоа што ветија не остварија.

СДСМ ветуваше сигурен откуп на земјоделските производи. Откуп нема.

СДСМ ветуваше зелена нафта за земјоделците. Не само што нема зелена нафта за земјоделците, туку владата ја зголеми и акцизата.

Ветуваа поголеми субвенции. Субвенциите се намалени. Зоран Заев дополнително им стави до знаење на земјоделците, дека ако немаат повисоко производство од минатата година нема ни субвенции.

Како земјоделците да произведат кога откупот не им е сигурен, субвенциите намалени, а цената на нафтата висока.

Оризопроизводителите во кочанско-виничкиот регион се со загрозена егзистенција. Поради ниската откупна цена и покачената цена на нафтата неизвесна е претстојната сеидба на оризот.

Стотици земјоделци од кочанско-виничкиот регион на своја кожа го почувствуваа животот на СДСМ.

Негрижата на власта го уназади земјоделието. По односот кој го манифестира власта земјоделците ги очекува тешко и мачно време под власта на СДСМ.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/02/2018 18:19