Претседателот на европската десница Жозеф Дол денеска ја поздрави „долгоочекуваната“ Стратегија за Западен Балкан и порача дека Европската народна партија (ЕПП) останува посветена на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија, но истовремено очекува од нејзините партнери да ги исполнат реформите што ги презеле за доброто на својот народ и регионот во целина.
Сепак, тој во изјавата додава, дека „за жал многу од актуелните лидери во регионот заземаат сосема поинаква насока од онаа што ја бара ЕУ”.
„Земјите од Западен Балкан се наши најблиски партнери и географски се веќе внатре во границите на ЕУ. ЕПП останува подготвена и посветена да ја поддржи нивната интеграција во ЕУ и да им помогне во нивниот реформски пат. Но, останува уште многу работа“, вели Дол.