Потпретседателот на ВМРО-ДМНЕ, Александар Николовски денеска на социјалната мрежа Фејсбук реагираше на одлуката да се смени името на Аеродромот Александар Велики, како и Автопатот.
Тој напиша дека Македонија со преименувањето губи нешто свое, а не добива ништо за возврат и дека се прават еднострани отстапки.
“Во однос на преименувањето на аеродромот и автопатот би сакал да потенцирам дека при најавата на оваа постапка од страна на Премиерот Зоран Заев јавно запрашавме дали овие активности се дел од некоја поширока стратегија за која што јавноста не е информирана или пак станува збор за едностран чекор на актуелната Влада на Република Македонија? Посочивме дека доколку е во прашање некаква стратегија, граѓаните очекуваат да бидат информирани за придобивките, а доколку станува збор за второто легитимна е загриженоста дека земјава прави еднострани отстапки, а не добива ништо.ВМРО ДПМНЕ не гледа иредентизам во имињата на аеродромот и автопатот!
Имајќи предвид дека не добвме одговор очигледно е дека Македонија прави еднострани отстапки за кои не добива ништо за возврат! Отстапуваме од нешто наше, а за возврат не добиваме ама баш ништо! Тоа е најпогрешната надворешна политика што една држава може да ја води. За жал останува впечатокот дека Македонија повторно загуби со политиките на оваа Влада на СДСМ!“ се вели во фејсбук статусот на Александар Николоски