Со месеци десетици македонски патриоти неосновано лежат во притвор. Десетици македонски патриоти се жртва на политички терор и нивните слободи и права се нарушени.

Нефункционалноста на правната држава и нарушеноста на владеењето на правото се констатирани и од Комесарот за човекови права при Советот на Европа. Факт кој остана премолчен од властите и правосудните органи.

Притворот наместо како мерка претпазливост во овој контруиран случај против овие десетици патриоти се користи како казна и тортура. Без постоење на реални основи луѓето се ставени во притвор и повеќе месеци против нив не се преземани истражни дејствија. Тоа јасно покажува дека овде нема случај, а луѓето се држат во притвор со цел да бидат шиканирани.

Во ниту една друга држава на тлото во Европа во 21 век не се прогонуваат актери, лекари, режисери и истакнати општествени дејци во конструирани случаи, освен во Република Македонија под власта на Зоран Заев.

Вината на Василевски, Чавков, Дамовски, Илиевски, Арнаудов и останатите е што имале различен политички став од Зоран Заев.

Судовите кои треба да бидат гарант на законитоста, не смее да ги спроведуваат сервираните конструкции.

Судовите се последниот бедем за одбрана на демократијата и мора да одлучуваат врз база на Устав и закон. Судот може да го запре овој политички терор. Во интерес на демократијата и владеењето на правото е и тоа да го направи.

Патриотите кои се цел на политички терор својата правда ќе ја истераат и пред ЕСЧП, но дамката во тој случај врз Македонија ќе биде огромна.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2018 15:02