Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Вашингтон оствари работна средба со Метхју Палмер, Заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, кој е дојден на местото на Хојт Ји во Стејт Департментот.

На средбата Мицкоски нагласил дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија насочена кон интеграција во ЕУ и НАТО и реформите како клучни процеси кои треба да ја подобрат севкупната економска, политичка и социјална состојба во нашата земја како и во нашиот регион.

На средбата се разговарало за актуeлната политичка состојба во Република Македонија, пришто Мицкоски нагласил дека во овој момент граѓаните на Република Македонија се соочуваат со правна несигурност и злоупотреба на правосудниот и административниот систем со цел остварување на тесни интереси на актеулната владејачка коалиција. Мицкоски на средбата нагласи дека е потребна одговорност за таквото однесување, на сите поединци кои постапуваат спротивно на законите и ги злоупотребуваат институциите.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски на средбата со Палмер истакна дека Република Македонија мора да остане посветена на стратешкото сојузништво со САД и градењето на односи базирани на силна доверба и взаемна почит.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2018 15:36