Очигледно е дека и новите лица на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Иван Јорданов, продолжуваат со штетните политики на создавање вештачки проблеми и пласирање лажни вести, коишто се препознатливи за нивната матична партија, а се во спротивност со интересите на граѓаните на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ, партијата со која раководи Мицкоски, единаесет години ги осиромашуваше, лажеше и манипулираше со маката на земјоделците.

За разлика од времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, денес земјоделците можат да бидат спокојни.

Владата на СДСМ со Програмата за финансиска поддршка 2017 година, обезбеди дополнителна субвенција од 18.000 денари за хектар површина со ориз, дополнителна субвенција на веќепостоечката. Оваа субвенција се однесува токму на оваа реколта за којашто од ВМРО-ДПМНЕ неосновано реагираат.

Со ваквото значително зголемување на субвенцијата, Владата на Република Македонија предводена од Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија покажува колку ни е важна оваа култура.

Освен зголемувањето на субвенцијата, работиме на обезбедување непречен пласман на оризот, но и изнаоѓање нови пазари.

Што се однесува до зелената нафта, измените на законот за земјоделство и рурален развој се веќе готови. Земјоделците годинава ќе имаат евтина нафта, со што значително ќе им се намалат производствените трошоци.

Очигледно е дека Мицкоски и Јорданов одбиваат да се спротивстават на добро познатите политики на деструкција и напади што нивната партија ги прави исклучиво заради лични и еднострани партиски интереси. Пред да почне да шири лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ да ги следи медиумите и јавноста, така ќе дознае за сите реформи во земјоделството коешто го остави опустошено.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/02/2018 18:07