Германските бизнисмени изразија скепса за коалицискиот договор постигнат меѓу конзервативците на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите.
- Овој договор е уште полош отколку што се очекуваше, изјави Оливер Цандер, шеф на организацијата на работодавачи во металургијата Гезамтметал (Gesamtmetall).
- Давателите на услуги ќе бидат разочарани, а социјалната држава ќе експлодира. Ова е тажен ден за земјата, рече тој.
По објавувањето на договорот, Меркел изјави дека нејзиниот конзервативен блок требало да направи компромиси во преговорите со Социјалдемократската партија на Германија (СПД), која ги доби трите главни министерства - за финансии, за надворешни работи и за труд и социјална политика.
Левоцентристичката СПД се залага Германија да се откаже од двостепениот систем на здравствено осигурување и да се намали можноста на компаниите да ги ограничат условите за работа. Многу детали од договорот се уште не се објавени.
Германската индустриска и трговска комора изрази загриженост за договорот.
- Економијата се радува поради некои добри идни инвестиции, но во исто време има стравувања дека во иднина тоа скапо ќе чини, што најмногу ќе влијае врз бизнисот, изјави претседателот на Комората Ерик Швајцер.