Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Моли Монтгомери, посебен советник за Европа, Евроазија и Русија на Потпретседателот на САД Мајк Пенс.

Во текот на разговорот двајцата соговорници се осврнаа на добрите билатерални односи помеѓу двете земји и потребата од понатамошно надградување на истите во повеќе области. Мицкоски нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија на која клучни надворешно-политички приротитети и се членството во НАТО, ЕУ како и развој на стратешкото сојузништво со САД.

Во разговорот за актеулната политичка состојба во Република Македонија, Мицкоски ја информираше Монтгомери за бројните злоупотреби од страна на актеуалната власт поврзани со нетранспаретност, селективна правда и избегнување на одговорност за злоупотреба на законите. Тој потенцираше дека Република Македонија мора да се фокусира на реформи насочени кон создавање на посилна економија, се со цел поголема благосостојба на граѓаните во нашата земја.

Соговорницте се согласија дека Евроатланската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка во насока на реформи кои се од значење за остварување на тие цели.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2018 15:20