100 дена Саша Богдановиќ. 100 дена лаги. 100 дена загаден воздух.

100 дена поминаа, а ветувањето на Богдановиќ за услови за здрав живот за сите се испоставија како голема лага.

Скопје 3 месеци се гуши во смог и е на врвот на светските листи за загаденост на воздухот. Богдановиќ и СДСМ кои ја имаат власта на сите нивоа не преземаат ништо. Општина Центар најмногу ги чувствува последиците од загадувањето каде често концентрацијата на ПМ10 изнесува од 8 до 10 пати над дозволеното.

Додека општината е загушена во смог. Богдановиќ мува не го лази. Од ветените експресни мерки нема ништо. Постарите граѓани и граѓаните со хронични болести, како и малите дечиња секојдневно ги полнат здравствените установи.

Богдановиќ мора да преземе мерки за намалувањето на загаденоста. Центарци тоа го бараат.

СДСМ и Богдановиќ ветуваа поголема хигиена на улиците во општината. Хигиената не е подобрена. Исто како во времето на Жерновски имаме нечисти улици, незаштитени градилишта и високо ниво на нехигиена.

Богдановиќ нема реализирано ниту една енергетско ефикасна фасада, ниту пак има најава кога планира тоа да го направи, ниту пак на кои згради. Граѓаните се изманипулирани и излажани.

Ветувањата на Богдановиќ останаа само празни зборови.

Секојдневно стотици кучиња се шетаа низ општината, а од стационарот кој го ветуваше Богдановиќ остана само мртво слово на хартија.

Господине Богдановиќ граѓаните очекуваат конкретни мерки и проекти. Граѓаните очекуваат остварување на ветеното. На Центарци им е преку глава од лаги и манипулации пред избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/02/2018 21:10