Ги искористивме овие разговори и средби за да лобираме за интересите и да ги представиме подобро интересите на Република Македонија пред овие влијателни луѓе за да можеме на вистински начин да ја доловиме атмосферата која што во моментов е во Република Македонија, но исто така моравме да ги информираме нашите соговорници и за политичкиот терор во Република Македонија, застојот во реформските процеси и назадувањето од аспект на економските реформи, истакна Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Гласот на Америка истакна дека за време на работната посета на партиската делегација во Америка три тези преовладувале на состаноците.

Заложбата за прием на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговорите со ЕУ, како и претставувањето и лобирањето за интересите на државата. Имено, Мицкоски ги информирал своите соговорници за политичкиот терор кој се случува во Македонија, застојот во реформските процеси и назадувањата на економски план.

– Ги искористивме овие разговори и средби за да лобираме за интересите и да ги представиме подобро интересите на Република Македонија пред овие влијателни луѓе за да можеме на вистински начин да ја доловиме атмосферата која што во моментов е во Република Македонија, но исто така моравме да ги информираме нашите соговорници и за политичкиот терор во Република Македонија, застојот во реформските процеси и назадувањето од аспект на економските реформи, истакна Мицкоски.

Досега Мицкоски во САД на работна вечера се сретнал со Претседателот на Републиканската Партија Боб Падучик и со поголем број на конгресмени и сенатори.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се сретнал и со Метју Палмер заменик асистент на генералниот секретар на САД како и со Моли Монтгомери специјален советник за Европа и Азија на Доналд Трамп.

Покрај сите досегашни средби Мицкоски денес присуствуваше и на 66 молитвен појадок во Вашингтон организиран од претседателот на САД, Доналд Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2018 02:08