Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Претседателот на Националниот Демократски Институт, Кенет Волак, кој на средбата беше придружуван од Роберт Бенџамин, Директор за централна и источна европа, и Иван Дохерти, Директор на Програмата за политички партии.

На состанокот соговорниците се осврнаа на пријателството помеѓу Република Македонија и САД и начините преку кој што може да се влијае за понатамошно подобрување на билатералните односи помеѓу двете земји.

Мицкоски го информираше Волак за актуелните политички случување во Република Македонија и тоа посебно за непостоењето на конкретни чекори насочени кон реформи во општеството, севкупната правна несиурност како и слабите економски индикатори кои се бележат во последниот период.

Соговорниците се согласија дека односите помеѓу Националниот демократски институт и ВМРО-ДПМНЕ функционираат одлично, но и дека е потребно надградување на истите преку различни програми и проекти кои се поддржани од НДИ како преку институциите на власта, така и директно со ВМРО-ДПМНЕ како најголема опозициска партија.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/02/2018 14:40