Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска изјави дека преговорите за автопатиштата не се блокирани и оти засега нема нови моменти.

– Преговорите не се блокирани, меѓутоа нема нови моменти. Од последниот пат кога дадов изјава, нема нови моменти. Продолжуваме со преговорите и кога ќе има нови моменти ќе бидете информирани, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање пред денешната средба во ЗЕЛС.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2018 00:33