Поранешниот градоначалник на општина Гостивар, Невзат Бејта го обвини актулениот Арбен Таравари дека за сто дена откако е на власт не покажал резултати во работата и за овој период ги деградрал општинската администрација, јавните претпријатија и образовните институции. Според Бејта, актуелниот градоначалник откако е не новата функција спроведува политички реваншизам кон сите негови соработници.

На прес-конференцијата тој наброја неколку, како што рече, аргументи со кои се покажало вистинското лице на Таравари.

- Успешни и вредни 15 административци се преместени во друга зграда во несоодветни простории. Незаконски се разрешени директори во училиштата. Вработува негови „партиски војници“ во јавните претпријатија и администрацијата. од него за овие сто дена не видовме никакви резултати, туку видовме измами, демагогија и политички реваншизам. Неспособен беше како министер, неспосебен е и како градоначалник - рече Бејта.

На новинарско прашање за обвинувањата изнесени од Таравари дека тој и неговата партија (ДУИ) го попречуваат работењето на советот на општината, Бејта децидно ги отфрли.

- Нашата советничка група е во мнозинството и тие добро работат и не се согласуваат со предлог-буџетот и притисоците што се вршат. Нема да има избори за советници, бидејќи буџетот на општината ќе се изгласа. Ако има, тогаш треба се организраат за избор на градоначалник, бидејќи тој не си ја врши работата за која ја доби довербата - рече Бејта.

За обвинувањата дека стои зад продажбата на градежно земјиште и фаворизирање негови блиски луѓе, Бејта одговори дека таа процедура била целосно легална и транспаретна и дека освен општината во продажбата, било вклучено и Министерството за транспорт. Тој порача да не се трошат народни пари на ревизии, бидејќи нема никакви недоследности во неговото работење.

- Нема да најде ништо за што ме обвинува. А веќе кога се прикажува како човек што сака да вади работи на виделина, требаше да прикаже како неговиот претходник во Министерството за здравство, Никола Тодоров трошел народни пари. Но, тоа не го направи, бидејќи и натаму соработуваат со ВМРО-ДПМНЕ - рече Бејта.

На прес-конференцијата беа презентирани и предизборните ветувања на Таравари, за кои како што беше речено, ниту едно не реализирал.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2018 00:35