Поминаа 100 дена од владеењето на градоначалникот Борис Георгиевски.
100 дена политика и никаква работа за граѓаните.
Својата неспособност за менаџирање Борис Георгиевски ја спроведе на дневна политика а на терен за граѓаните едно големо ништо.
Советот на Општина Гази Баба во кое мнозинство има ВМРО-ДПМНЕ го изгласа буџетот на Општина Гази Баба и граѓаните со право очекуваат конкретна работа и реализација на ветувањата дадени за изборите а не празни зборови по медиуми.
Општина Гази Баба не памети во нејзината историја градоначалник од кабинет да дава политички изјави, граѓаните од 26 населени места очекуваат работа на терен, односно очекуваат реализација на ветувањата со кои им ветуваа дека ќе им донесат живот.
Градоначалникот Георгиевски секојдневно манипулира со кажување на лаги, имено:
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ не се против изградба на фекална канализација за населеното место Јурумлери, за што говори и фактот што тоа е наш проект и веќе започнат со реализација. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со загриженост ги следи изјавите на Градоначалникот Георгиевски и наместо конкретна јавна расправа тој се служи со паушални изјави.
Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Општина Гази Баба го повикуваат градоначалникот Борис Георгиевски да организира јавна расправа каде што ќе присуствуваат Советниците од Советот во Гази Баба и граѓаните на Јурумлери.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нема да дозволат Советот на Општина Гази Баба да се претвори во пералница на пари. Секогаш ќе реагираме и укажуваме на сите Законски прекршувања и обиди да се спроведуваат постапки кои се спротивни на Законот.