Холандскиот авиопревозник „Corendon“ најавува нова сезонска авиолинија од Охрид до Мастрихт во југоисточна Холандија.

Летовите ќе почне да се реализираат од ова лето, односно од 6 јули.

Оваа авиокомпанија веќе има воспоставено сезонски лет од Охрид до Амстердам. Двете линии се наменети за холандскиот туристички пазар, а билетите ќе се продаваат како дел од туристичките пакети.

Се очекува уште неколку авиооператори меѓу кои „Brussels Airlines“, „Nordica“ и „TUIfly“ да ги објават новите летови до Охрид што ќе се реализираат од ова лето.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2018 00:52