Израел ги предупреди денеска Иран и Сирија дека си играат со оган, додавајќи дека иако не сакаат ескалирање на тензиите израелските сили сепак е подготвен за секакви сценарија по навлегувањето на ирански дрон во израелското воздушно пространство од правец на Сирија.
- Подготвени сме да ги натераме да платат висока цена за таквите дејствија, изјави портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус.
Тој истакна дека беспилотното летало кое Израел го урна било „на воена мисија“, тврдејќи дека „е испратено и со него управувале иранските воени сили“.
Конрикус нагласи дека Израел како одговор на ваквиот инцидент уништил иранско место во централниот дел на Сирија, од каде што бил испратен дронот. Следните напади биле извршени врз четири ирански позиции и осум сириски места.
Израелскиот авион се урнал откако бил погоден од сириската противвоздушна одбрана.
Овој инцидент досега претставува најзначајна вмешаност на Израел во Сирија.
Конрикус додаде дека Израел внимателно ја следи ситуацијата и е подготвен соодветно да одговори.