Холанѓанката Карлин Ахтереекте го освои златниот медал во дисциплината 3.000 метри брзо лизгање за жени на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.

Ахтереекте заврши за 3:59,21 минути и ја победи за осум десетинки од секундата Ирин Вуст, исто така од Холандија, која ја бранеше титулата и беше фаворитка.

Со бронза се закити уште една Холанѓанка во трката - Антоанета Де Јонг.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/02/2018 23:31