Александар Велики никогаш не бил дел од нашата регуларна историја. Беше вклучен во нашата историја во последните десет години. Во основа, кога говориш за таков вид на етничка припадност, држави и народи, тоа се однесува на последните 300 години, додека пак Александар Велики, живеел пред 2300 години. Јас преферирам да го гледам како лидер што го цивилизираше целиот свет, објаснува градоначалникот на Скопје во интервјуто за весникот „Документо“.

Запрашан дали се согласува со изјавата на претседателот Киро Глигоров дека сме Словени што дошле по Александар Велики, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во изјавата за грчки медиум што ја пренесува МИА вели дека Александар Велики го гледа како лидер што го цивилизирал целиот свет.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/02/2018 22:55