Пентагон го доби досега најголем буџет во својата историја и кој следната година ќе изнесува околу 700 милијарди долари. Буџетот вклучува огромно зголемување за трошоците за армијата, а Пентагон ќе добие 94 милијарди долари повеќе во оваа буџетска година во однос на минатата што е зголемување за 15,5 отсто.
Тоа е најголемо зголемување од 2003 година кога буџетот на Пентагон бил зголемен за 26,6 отсто во време на војната во Авганистан, инвазијата врз ирак како и ширењето на системот за национална одбрана по нападите од 11 септември 2001 година.